Мени

8МИ ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И СИБИУ

4 Ден

8ми декември во Темишвар и Сибиу – Кога доаѓа време за патување, сигурно сме дека поголем дел од вас имаат посетено доста градови на Балканот, Европа па и Светот и секогаш кога доаѓа време за патување или продолжен викенд, прашањето е каде патуваме сега?
Веќе 10 години сме организатори на аранжмани во Романија (Букурешт, Синаја, Пелеш Брашов итн..) НО за овој 8ми Декември ви подготвивме нова програма со посета на градови што се најатрактивни за време на Christmas Market (божиќен пазар) во Романија.
Дали може да претпоставите за кои градови во Романија станува збор?
Едниот град е трет по големина град во Романија, кој во 2023-та година е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
Bториот град е градот каде е одржан првиот Christmas Market во 2007-та година во Романија и воедно е најдобриот Christmas Makret во оваа земја, инспириран од божиќните пазари во Виена. Во овој град ќе бидете за време на Christmas Market каде целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. За време на ова тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад ||| познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија. Екскурзијата ја завршуваме со посета на Белград и слободно време за шопинг или прошетка низ Кнез Михаилова или Калемегдан.
Тимот на Стаф за прв пат ја органзира оваа тура, бидете дел од нешто што е поразлично од останатите понуди, нешто што е ново на нашиот пазар.

Термин: 06.12 – 09.12.2024
Редовна цена на 8ми декември во Темишвар и Сибиу
: 149  
 по лице
ЦЕНА: 129 ПО ЛИЦЕ /7,998 МКД ДО 10.11.2024

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

8МИ ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И СИБИУ
13% Попуст
Од 9.238 ден 7.998 ден
/ Возрасен
  • Гарантирано Најниска Цена
  • Нема такса за букирање
  • Професионален Водич