Мени

Вила Василис (Ипсос)

Преглед

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Овде се одбележува и најатрактивната традиција за  Велигден , манифестација која треба да ја доживеете. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Видете цени и термини подолу.
Вила Василис e лоцирана во помирен дел на Ипсос –  Крф , на 300м од плажата.

10% ПОПУСТ за резервации до 15.05.2024
За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
🔥50 ЕВРА ПОПУСТ ПО СОБА
⚡️АКЦИЈА ЗА ТЕРМИНИ ВО ЈУНИ😮

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање

Програма

Ден 1:

Во цената е вклучено

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања 8 дена
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на
  • престојот

Во цената не е вклучено

  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса 1.5 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред

Напомени

Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата
Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме
слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета
на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото
Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте
погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го
испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините
на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна
убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од
хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња,
таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат
местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи
најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за
капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска
кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една
плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф,
Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата
точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе
ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен
остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат
прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два
други јонски острови.

НАПОМЕНА:
 CHECK IN: 14:00 h
 CHECK OUT: 09:00 h
 Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
 За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
 Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло
за трето лице) и дуплекс апартмани.
 Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно
студио.
 Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг
тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат
од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен
ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
 Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
 Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во
соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
 Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
 За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
 Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
 За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Соколов ТРАВЕЛ

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Василис (Ипсос)