Мени

19.05 – Рилски Манастир и Благоевград

Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот. Тој се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила во Бугарија,на 117 километри јужно од главниот град Софија во длабока долина на реката Рила, на надморска височина од 1.147 метри. Се смета дека креаторот на Рилски манастир е првиот бугарски монах-пустиник Јован Рилски.Овој манастир има примено бројни признанија за неговиот развој и културна и уметничка вредност. Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО прогласува целиот комплекс за споменик на културата со светско значење.

Благоевград –  Град во Пиринска Македонија кој се наоѓа по долината на реката Струма.

Програма

Ден 1:
19.05.2024

Собирање на групата во 05:45 од Кочани (суд). Попатно собирање на патници Виница, М. Каменица и Делчево. Предвидено време за пристигнување во Рилски Манастир околу 9 часот. Слободни 2 часа за посета и разгледување на Манастирот. Потоа се упатуваме кон Благоевград каде ќе има 3-4 часа слободни за индивидуални активности. Околу 16Ч се упатуваме во Метро каде ќе има 45 мин. слободно време за шопинг. Околу 17ч предвидено време за поаѓање кон Македонија.

Во цената е вклучено

  • Превоз до наведената релација
  • Посета на Рилски Манастир
  • Посета на Благоевград
  • Шопинг во Метро и Лидл
  • Пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Индивидуални активности
  • Осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 100% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СОКОЛОВ ТРАВЕЛ.

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

19.05 – Рилски Манастир и Благоевград
Од 850 ден
/ Возрасен
  • Гарантирано Најниска Цена
  • Нема такса за букирање
  • Професионален Водич