Мени

ХОТЕЛ АРИТИ – Паралија 2024

Хотел Арити

Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и
објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и
кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ
ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на
клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со
опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор
за летување на голем број туристи.
Детален опис на собите:
Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната.
Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната.
Четирикреветни студија со 2 дупли кревети во склоп на кујната.
Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети
одвоени со кујна.

Пакет цени

цени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

Во цената е вклучено:

– 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во дуплекс)
– повратен превоз

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 1,5 € по соба од ден (се плаќа во агенција)

Попусти:
– деца до 2 години: бесплатно(без седиште)
– деца од 2 до 6 години: само превоз 30 €
– деца од 6 до 12  години: 50% попуст
– трето лице во трокреветна соба и петто/шесто лице во дуплекс:50% попуст

– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
– за само лице во соба со превоз плаќа една редовна цена и плус 50 % од цената за наем на студио

Само превоз (повратно):
– деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 30 € 
– возрасни: 45 €

 


Наем на студио/апартман

цени за цела соба за 7 ноќевања без превоз

 

Во цената е вклучено:

– наем на студио/апартман за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

 

 

Ден 1:

Напомена

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.

Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.

Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)

 

Термини поаѓањe за Грција:
-Скопје       05:00    Олимписки Базен
-Кочани      04:30    пред Судот
-Штип         05:00   Нова Пошта
-Радовиш   05:30    Автобуска
-Струмица  06:00   Автобуска

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

ХОТЕЛ АРИТИ – Паралија 2024