Мени

Манастир Св. Василиј Острошки, Подгорица и Будва

2 Ден

Подгорица е главен град на Црна Гора. Сместен е во источниот дел од Црна Гора. Името Подгорица доаѓа од местоположбата на градот — тој е опколен сопланини

Манастирот Острог е манастир на Српската православа црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој таму е  погребан. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50   км од Подгорица и 15   км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за поклонение во Црна Гора

Манастир Ждребаоник – манастирски комплекс кој се наоѓа на 3км од Даниловград, кој е составен од: црква, голем конак, исто така во кругот на манастирот е изграден и манастирски конак во кој се остворени библиотека и работилница каде монахињите ги изработуваат иконите. Манастирската Црква е посветена на Св. Архангел Михаил. Во манастирот сепогребани моштите на Св. Арсенија Сремца, наследникот на Св. Сава и моштите на Св. Феврније. Од 1991 год. Манастирто е женски и во него служат неколку монахињи

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.

Цена на аранжманот: 2000 ден.

Промо цена : 1800 ден.

Термини:

27.04 – 28.04.2024

Цена за деца:

Од 0 до 1,99 год. – Бесплатно

Од 2 год. до 4,99 год. – 1200 ден.

Од 5 год. до 9,99 год. – 1500 ден.

Програма

Тргнување во 23:00 часот од Кочани (суд). Ноќно возење преку Албанија со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Подгорица околу 10 часот. Слободни два часа за шопинг, кафе и ручек во Делта Сити. Попатно застанување во Манастир Ждребаоник каде има 1 час слободно време за посета. Околу 14 часот тргнување кон Манастирот Св. Василиј Острошки. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или со трансфер со локален минибус (1евро). Присуство на попладневната служба и поклонување пред моштите на Св. Василије. Ноќевање во дворот на Манастирот или конаците (со претходна најава).

Присуство на утринската литургија. Во 8 часот собирање на групата и тргнување кон Будва. По пристигнување во Будва слободно време од 4 часа за капење, ручек шопинг или кафе. Можност за крстање со брод. Во 16:00 часот собирање на групата и тргнување кон Кочани. Предвидено време за пристигнување во Македонија е 00:00ч.

Во цената е вклучено

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Посета и ноќевање во Манастирот Св. Василиј Острошки
  • Посета на Манастир Ждребаоник
  • Посета на Будва
  • Шопинг во Делта сити во Подгорица
  • Пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса за Острог 1 евро
  • Крстарење со брод 8 евра
  • Сместување во конаците на манастирот 5 евра
  • Осигурување
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 3 ден пред да започне истото.

– Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.

– Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.

– Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 100% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.

– Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.

– Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.

– Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.

– Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

– За овој аранжман важат општите услови на патување на СОКОЛОВ ТРАВЕЛ.

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Манастир Св. Василиј Острошки, Подгорица и Будва
10% Попуст
Од 2.000 ден 1.800 ден
/ Возрасен
  • Гарантирано Најниска Цена
  • Нема такса за букирање
  • Професионален Водич