Мени

Вила Кристофер (Ипсос)

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години.

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.

Вила Кристофер e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 200м од плажа,а сепак со многу лесен пристап до главната улица. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата).

 

Програма

Ден 1:

Во цената е вклучено

  • Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • 7 ноќевања 8 дена(цената е дадена по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Во цената не е вклучено

  • Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Туристичка такса (10.5 евра од студио/апартман за 7 ноќевања, која се плаќа задолжително во агенција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима уред

Напомени

  • CHECK IN: 14:00 h
  • CHECK OUT: 09:00 h
  • ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ СЕ ИСКЛУЧИВО СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА
  • ЦЕНИТЕ И ТЕРМИНИТЕ ЗА ЈУЛИ И АВГУСТ СЕ СО 50% УПЛАТА, ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА ДО 01.03.2024
  • BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ОД 17.11-25.11.2024
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
  • Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.
  • Дете од 0 до 3,99 години –Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
  • Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Соколов ТРАВЕЛ

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Кристофер (Ипсос)