Мени

Вила Afrodite 2 – СКАЛА ПОТАМИА

Afrodite Studios II е новоизградено сместување кое се наоѓа на само неколку минути од плажата. Вилата е модерно дизајнирана, опремена со нов мебел и имаат се што ви треба за пријатниот одмор. Ова сместување се наоѓа во Скала Потамија, оддалечено околу 270 метри од плажа и 1 км од центарот. Најблискиот пазар е оддалечен околу 400 метри. Сместувањето е изградено во 2018 година. Располагаат со ТВ, клима, опремена кујна, купатило и балкон. На гостите им е достапен и интернет пристап. Чистењето се врши секој ден освен сабота, додека замена на постелнина и крпи се врши на секои три дена. Сместувањето нема приватен паркинг, но веднаш до зградата и на блиските улици можете да најдете доволно простор каде што можете да го оставите вашето возило.
Доколку барате ново сместување, сместено блиску до плажа и во мирна област, тогаш Afrodite II може да биде одличен избор за вас.
Ден 1:

Во цената е вклучено

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
  • Користење на Wi-Fi
  • Собите имаат комплетно опремена кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во Studioto)
  • Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса од 1,5€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место

Напомени

* Бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
* Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
* Резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
* Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
* За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија – Тасос – Македонија :
• Скопје 60€        • Штип 70€
• Велес 60 €        • Радовиш 70€
• Неготино 60€• Струмица 70€
• Граничен премин 60€
Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
* Задолжителна доплата за траект 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-11,99 години

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Afrodite 2 – СКАЛА ПОТАМИА