Мени

REGNUM BANSKO HOTEL & SPA

REGNUM BANSKO HOTEL & SPA – еден од најдобрите зимски ресорти на Балкан е оригинално место за ваш и одмор на вашето семејство. Од ски лифтот е оддалечен 450 метри (има организиран превоз до и назад), од центарот на Банско 1.7 км, во неговата непосредна околина имате изобилие на интересни места и кафанчиња. Луксузниот СПА центар, автентичната турска кујна во текот на зимската сезона, детското катче и анимациите за деца ќе придонесат тука да се чувствувате навистина разгалено. REGNUM BANYA THERMAL ве очекува, како и отворениот базен со минерална вода и дел за деца и отвореното џакузи со минерална вода и комплетниот аква парк.

СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот се состои од 118 луксузни сместувачки единици, опремени во уникатен стил.

  • JUNIOR SUITE (од 24м2 до 35м2) со француско или две единечни легла, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања со када или туш, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата). Максимум 2 лица.
  • EXECUTIVE SUITE (од 41 м2 до 59 м2) Спалната соба има две единечни или едно француски кревет.     Дневната соба има кујнско катче, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата) и софа на развлекување. Во собата можат да се сместат максимум 3 лица или 2 возрасни и 2 деца. 2 возрасни + 2 деца (2 редовни + 2 дополнителни легла) или 3 возрасни (2 редовни + 1 дополнително легло).
  • GRAND SUITE (од 71м2 до 108м2) Со клима уред, Wi-Fi, кујнско катче, фрижидер, балкон ((на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен, сеф и мини бар (со доплата). Се состои од две спални соби и дневна соба. Во двете спални има или француски кревет или два стандардни кревети, а во дневната соба француски или два стандардни кревети и софа на развлекување. 2 возрасни и 2 деца (4 редовни легла + 2 дополнителни) или 5 возрасни (4 редовни легла + 1 дополнително).
  • GRAND SUPERIOR SUITE (до 109м2) е најголемата сместувачка единица. Клима уред, Wi-Fi, кујна, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (доплата). Двете спални имаат француски или два стандардни кревети, а во дневната соба има две софи на развлекување.

Сите видови соби се чистат секој ден.

Крпи и постелнина се менува на барање (може и секој ден).

СОДРЖИНИ: рецепција со менувачница и сеф (бесплатно), главниот ресторан, a-la-carte ресторан, внатрешен и надворешен базен, детски клуб, интернет, фризер, продавница, фитнес центар, сауна, спа, парна бања, внатрешен и надворешен џакузи, “Shock & tropical showers”, финска сауна, ски-остава, солариум (со доплата), сеф (со доплата) и паркинг на отворено.

УСЛУГИ: Хотелот располага со соби за непушачи, соби за лица со посебни потреби, лоби бар (лесна храна и пијалоци, капацитет 60 места), ноќен бар и Наргиле бар (капацитет 60 -100 места), салон за убавина, продавница за сувенири и козметика, сеф, ски-остава, весници и списанија, игротека, хемиско чистење, пеглање, наем на велосипеди, наем на автомобили, превоз од/до аеродром Софија/Пловдив.

РЕГНУМ СПА ЦЕНТАР: Внатрешен базен, детски базен (0,90см длабочина), надворешен базен со полу-олимписки размери покриен со балон, затоплен до 30 степени; (12,5м х 25м, 1,6м – 1,90м длабочина), две фински сауни, турски амам, парна бања, ледени тушеви, релакс зона, фитнес сала, два надворешни џакузи, едно покриено надворешно џакузи, солариум, витамин бар, ВИП студио за масажа.

СПА ТРЕТМАНИ: Третмани за лице, класични и егзотични масажи, најразлични СПА пакети, хидротерапија, третмани за раце и стапала, кинезитерапија.

Цени за соба на ден во евра – ноќевање со појадок

 

Ден 1:

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

REGNUM BANSKO HOTEL & SPA