Мени

Вила Џина – Неос Мармарас

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/3+1 (со 2 единечни кревети во собата и тросед на преклоп во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

15% ПОПУСТ за рана резервација

Ден 1:

Во цената е вклучено

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  • Wi fi интернет
  • Вклучена клима

Во цената не е вклучено

  • Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 - 35 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават
  • апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Соколов Травел;

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Џина – Неос Мармарас