Мени

19.05- Зрзе и Крушево

Зрзе – Манастирот Св. Преображение издигнат на бигорна карпа и претставува едно од најубавите духовни светилишта и архитектонска убавина во нашата земја. Се наоѓа на 34 км северозападно од Прилеп, речиси на 1.000 м надморска височина, во подножјето на планината Даутица. Отежнатата пристапност влијае на посетеноста на манастирот. Во зимскиот период, поради снегот е речиси отсечен за вообичаена комуникација. Отворен е од рана пролет до доцна есен. Празникот Св. Преображение Христово на 19 август е манастирска слава, кога во духот на монашкото предание и вековните традиции братството за секој гостин во манастирот приготвува посно гравче, риба, грозје и жито.

Крушево е град во западниот дел на Р. Македонија, во пазувите на Бушева Планина. Тој е градот на некогашната Крушевска Репубрила. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Со 1.350 метри надморска височина, Крушево претставува единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот.

Селечки манастир (познат како Манастир „Св. Преображение“) — манастир во јужниот дел на Македонија, во близина на селото Селце на 7 километри од  Крушево.Манастирот се сметал дека бил втор дом на познатиот македонски пејач Тоше Проески. Во непосредна близина на манастирот е Крушевскиот крст, чија изградба исто така била замисла на Тоше Проески. Крстот бил подигнат во 2010 година.

Цена: 850 ден.

Програма

Ден 1:
19.05.2024

Собирање на грпата во 4:30 во Кочани (пред агенцијата). Попатно собирање на патници Штип, Овче Поле, Лозово, Велес. Пристигнување во Манастир Зрзе околу 9 часот слободни 2 часа за посета, можност за опис на манастирот и неговото настанување од страна на монасите. Околу 11:00 ч. предвидено време за поаѓање кон Крушево. Посета на Манастирот Св. Преображение уште познат како Манастирот на Тоше, предвидена посета околу 45 мин. Потоа 3 часа слободно време во градот Крушево за индивидуални активности и посета на споменик Македониум, Спомен куќата на Тоше Проевски, гробот на Тоше Проевски. Можност за организиран ручек во 14ч. Превидено време за поѓање од Крушево е 16ч.

Во цената е вклулено

  • Превоз до наведената релација
  • Посета на Манастир Зрзе
  • Посета на Манастир „Св. Преображение“
  • Посета на Крушево
  • Пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Индивидуални трошоци
  • Влезница со спомен куќата на Тоше Проевски (100ден.)
  • Ручек во Крушево (300 ден.)

Напомена

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 100% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СОКОЛОВ ТРАВЕЛ.

 

 

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

19.05- Зрзе и Крушево
Од 850 ден
/ Возрасен
Од 700 ден
/ Дете
  • Гарантирано Најниска Цена
  • Нема такса за букирање
  • Професионален Водич