Мени

18.05 – Лутраки и Воден

Воден или грчки Едеса— град во Егејска Македонија, северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значнителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња.

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.

Цена на аранжманот: 1200 ден.

Програма

Ден 1:
18.05.2024

Во 4:00 собирање на групата во Кочани (суд) и тргнување кон Воден (Едеса) со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување околу 10:00ч. по локално време, слободни 2 часа за посета на најголемиот водопад во Грција каде водата паѓа од околу 70 м. Околу 12:00ч собирање на групата и поаѓање кон Лутраки место со минерални, лековите и термални извори. Слободни 3 часа за индивидуални активности (користење на природните бањи и разгледување на богатата флора). Предвидено време за враќање кон Македонија е 17:00ч. Попатна пауза на Free Shop 30 мин.

Во цената е вклучено:

  • Превоз до наведената релација
  • Посета на Воден
  • Посета на Лутраки
  • Пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Користење на минерален базен (4 евра)
  • Индивидуални трошоци

Напомена

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.

– Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.

– Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 100% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.

– Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.

– Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.

– Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

– За овој аранжман важат општите услови на патување на СОКОЛОВ ТРАВЕЛ.

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

18.05 – Лутраки и Воден
Од 1.200 ден
/ Возрасен
  • Гарантирано Најниска Цена
  • Нема такса за букирање
  • Професионален Водич