Мени

Кушадаси – Турција

Кушадаси

Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос. Кушадаси е популарна туристичка дестинација, како што е крајбрежната порта до Ефес, најпрометното пристаниште за крстарење во Турција. Како мешавина од знаменитости и амбиент на Бодрум и Мармарис, Кушадаси останува движечката сила зад егејската забавна дестинација. Од друга страна, ирските пабови, дискотеките секако создаваат незаборавна атмосфера.

Организиран превоз од: Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Неготино, Гевгелија.

Хотели

ALBORA HOTEL 3* – HB – 7 ноќи со автобуски превоз 

Хотелот се наоѓа на 1 километар од центарот на градот Kушадаси и на околу 1 километар оддалеченост од најпознатата плажа во Кушадаси, Ladies Beach.Хотелот располага со 50 соби. Секоја соба располага со клима уред, сопствена бања, фен, балкон, ТВ,телефон и бесплатна Wi-Fi конекција. Хотелот е на база HB(појадок и вечера – шведска маса – во главниот ресторан). соба за играње, базен на отворено, игралиште за деца, Wi-Fi конекција се бесплатно. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови,сервис за перење алишта, билијард, користење на Спа центар (турска бања и сауна ,СПА третмани и масажи, пинг понг, телефон, сеф, шатл бус, водени спортови се со доплата.

Asena HOTEL 3* – BB i HB – 7 ноќи со автобуски превоз

Оддалечен е околу 50 m од градската плажа Ladies Beach каде користењето на лежалки и чадори за сонце се доплаќа. Хотел Asena е оддалечен околу 3 км од центарот. На гостите на овој хотел им е на располагање рецепција, лоби бар, внатрешен хотелски ресторан, базен сместен на покривот на хотелот, бар покрај базен, како и ТВ салон. На гостите на хотелот им се достапни бесплатни лежалки и чадори за сонце околу базенот. Спортови на вода, услуги за перење и пеглање, сеф (на рецепција) се доплаќаат. Wi-Fi е бесплатен во лобито на хотелот. Хотелот располага со сопствен бесплатен паркинг. Хотелска услуга: Хотелските услуги вклучуваат ноќевање со појадок и полупансион – појадок или појадок и вечера на база на самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса). Содржина на собата: Вкупно 104 соби, од кои повеќето имаат поглед на море. Стандардните соби содржат тоалет со туш кабина, ТВ, телефон, фен, клима, мини бар (со доплата).

FLORA SUITES 3+* – ALL INCLUSIVE (NO ALCOHOL) – 7 ноќи со вклучен превоз

Flora Suites хотелот е лоциран на 700 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата.Лежалки и чадори се бесплатно исто така превоз до плажа е бесплатен. Овој хотел се наоѓа на околу 6 километри оддалеченост од центарот на градот. Располага со 104 соби.Собите располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција. Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса. Flora Suites хотелот исто така располага со два барови (Lobby Bar, Pool Bar) Користење на базените,лежалки и чадори покрај базен, Aqua Park, тениско игралиште, кошарка, мини-голф,одбојка,игралиште за деца, билијард, паркинг, анимација се бесплатно.

MELIKE HOTEL 2* – BB i HB – 7 ноќи со автобуски превоз

Се наоѓа на околу 100 метри од плажата Ladies Beach. Лежалките и чадорите на плажа се доплаќаат. Се наоѓа на околу 2 километри од центарот на Кушадаси,. Хотелот располага со ресторан со прекрасен поглед на морето, кој служи јадења од интернационална кујна. Дополнителните содржини вклучуваат бар, мал базен, сеф на рецепција (со доплата на лице место). Посебна атракција е локацијата – веднаш до самата плажа. Услугата во хотелот е ноќевање со појадок или полупансион – појадок и вечера по принцип на самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса). Сите пијалоци и се останато надвор од концептот се плаќа дополнително. Стандардните соби имаат бања со туш кабина, фен, телефон, ТВ, клима и балкон.

My aegan star 4* – all inclusive(inc.alcool) buss& 7 nights

Хотелот е лоциран на 250м од најдолгата плажа во Кушадаси- Long Beach и 7км од центарот на
Кушадаси.
Хотелот располага со ресторан кој служи интернационална кујна. Дополнителните содржини
вклучуваат лоби бар, снек бар, бар покрај базен, базен, турска бања, сауна, детско игралиште,
детски клуб, забава.
Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек, ужина и вечера, полноќна чорба,
самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса), локални алкохолни и безалкохолни
пијалоци. Дополнително се плаќаат сите флаширани пијалоци, свежо цедени овошни сокови,
турско кафе и се останато надвор од концептот.
Собите располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ,
телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција
Плажата на хотелот е песочна, опремена со лежалки и чадори, кои се бесплатни за гостите на
хотелот.

Стандардните соби имаат бања со туш, фен, телефон, сеф на рецепција (се доплаќа), мини бар
(се доплаќа), ТВ, клима и балкон.

OZKA HOTEL 3* BB& HB buss& 7 nights

Хотелот е оддалечен на еден километар од градската плажа.
Хотелот Ozka располага со вкупно 62 соби.Сите соби располагаат со сопствен балкон (повеќето со
поглед на море), сопствена бања (туш, тоалет,фен за коса), клима уред, ТВ, телефон, сеф,
бесплатна Wi-Fi конекција.
Хотелот е на база BB( појадок и ноќевање). Хотелот располага со еден ресторан. Во овој ресторан
гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така
располага со два барови (Lobby Bar, Pool Bar)
Користење на главниот ресторан за време на доручек и вечера, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на
отворено, лежалки и чадори покрај базенот се бесплатно.
Пијачки во баровите, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон се со доплата.

PAPATYA HOTEL 4* ALL INCLUSIVE(NO ALCOHOL) buss& 7 nights

Papatya хотелот е лоциран на 300 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси  Long
Beach.Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Користење на чадори и лежалки се
бесплатно исто така кабини за пресоблекување и тоалети.
Овој хотел се наоѓа на околу 17 километри оддалеченост од центарот на градот.
Собитe располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ,
телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција.
Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Гостите имаат можност
секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел.
Papatya хотелот исто така располага со (Lobby Bar, Vitamin Bar, Pool Bar) 
Користење на ресторанот и баровите, интернет во лоби, лежалки , чадори на плажа како и во
областа покрај базенот, користење на базените, ватерполо, пикадо, игри со базен, степ-аеробик се
бесплатно.

PONZ BOUTIQUE 3* BB& HB buss& 7 nights

Хотелот се наоѓа во делот на Ladies beach дел од градот, додека е оддалечен околу 100 метри од
истоимената плажа.Од центарот на Кушадаси е на околу 3 километри.
Во склоп на објектот има базени за возрасни и деца, сончева тераса, бар, рецепција, сеф на рецепција (со
доплата), билијард, пикадо, теретана. Исто така, хотелот има сопствен приватен паркинг. Сауна и турска
бања се достапни за гостите на хотелот бесплатно. WiFi е бесплатен за гостите на хотелот.
Услугата во хотелот е ноќевање со појадок или полупансион, самопослужување – избор од повеќе јадења по
принцип на отворено бифе за појадок и вечера, a’la carte ресторан со европска и традиционална кујна (со
доплата).
Хотелот е на 100 метри од Лејдис Бич. Лежалките и чадорите се наплаќаат посебно.
Boutique Hotel Ponz располага со 42 соби на располагање на гостите. Сите соби имаат ТВ, мини фрижидер,
клима уред, чајник за кафе/чај, сопствено купатило со туш/када.

ROXX ROYAL 4* BB& HB buss& 7nights

Се наоѓа во самиот центар на градот, на 350 метри од градската плажа. Користењето лежалки и чадори на
градската плажа дополнително се наплаќа.
Хотелот располага со лоби бар, ТВ салон, внатрешен и надворешен хотелски ресторан, базен каде лежалки
и чадори се достапни бесплатно, сеф, Wi-Fi интернет е бесплатен.
Услугата во хотелот се базира на појадок или полупансион – појадок и вечера по принцип на
самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса).
Собите располагаат со клима и имаат ТВ и телефон, бања со туш, фен за коса.

SENTINUS BEACH HOTEL 4* AI. buss& 7 nights

Хотелот е лоциран на самата плажа Long Beach. Располага со приватна песочна плажа со
бесплатно користење на лежалки и чадори.
Овој хотел се наоѓа 6км одалечен од центар на градот.
Хотелот располага со вкупно 102 соби.Собите располагаат со сопствен балкон, минибар,
сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi
конекција.
Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса)
Хотелот располага со A la carte ресторан и е богат со американска и турска кујна којшто можете да
го користите за појадок,ручек и вечера.(А la carte ресторанот е со доплата).
Користење на базените,лежалки и чадори покрај базен, шеталиште, паркинг, анимација се
бесплатно.

Sunday hotel 3* hb buss& 7 nights

Хотелот се наоѓа на плажа Ladies Beach, од која го дели само шеталиште. Чадорите и лежалките се
наплаќаат.
Одалечен е 3км од центарот на Кушадаси.
Хотелот содржи ресторан, сефови на рецепција (се доплаќа), бесплатен Wi-Fi во лоби.
Секоја соба има балкон, бања, клима, минибар, телефон.
Услугата во хотелот е полупансион, појадок и вечера- шведска маса (самопослужување).

TECIMEN HOTEL 2* BB buss& 7 nights

Хотелот Tecimen е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Хотелот е оддалечен на 400
метри од градската плажа
Хотелот Tecimen располага со вкупно 37 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон,
сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и
Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.
Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање и појадок- шведска маса). Хотелот располага со еден
ресторан.
користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено,
лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина се бесплатно.
Пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон се со доплата.

ARORA HOTEL 3* ALL INCLUSIVE buss& 7 nights

Хотелот излегува на приватна плажа (песочна со камчиња), Long beach, каде што лежалките и чадорите за
сонце се бесплатни за гостите на хотелот.
Од центарот на Кушадаси е оддалечен на околу 6 километри.
Гостите на хотелот имаат на располагање два ресторани, од кои едниот е на отворено. Хотелот има бар
покрај базен и витамински бар. Хотелот располага со бесплатен паркинг, а хотелот располага со различни
содржини за спортски активности и релаксација. Надворешниот базен има и детски дел, а хотелот има и
внатрешен базен.
Хотелската услуга е All Inclusive – појадок, ручек и вечера на база на самопослужување, избор од повеќе
јадења (шведска маса). Aлкохолни и безалкохолни пијалоци.
Хотел Арора има повеќе од 70 соби, од кои сите се климатизирани, имаат тоалет со туш кабина или када,
фен, телефон, ТВ, мини бар и сеф (со доплата), а повеќето соби имаат поглед на море или базен.

 

Програма

Ден 1:

Цените за сите хотели се валидни за резервации и уплата од 30% до 31.01.2024. (Доплата минимум 7 дена
пред денот на тргнувањето).
За секој хотел се наведени цените,услуга и опис на хотелот.
Цените се дадени по лице во дво креветна и трo креветна соба.
Курс на пресметување 1 еур = 62 ден.

Политика за деца за пакет аранжман :
(1) Деца од 0 – 5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80 eur).
(2) Деца од 6 – 11,99 год. – 50% попуст од вкупната цена.

“Само хотел ” се одбиват 80 еур од вкупната сума на аранжманот за резервации од 7 ноќи и 8 дена
(доколку имате дополнително барања за повише или помалку ноќевања да не контактирате директно).
Организиран превоз од: Скопје,Куманово,Тетово,Велес,Неготино,Гевгелија.

Само автобуски билет до Кушадаси:
(1) За возрасни : Повратен билет 120 еур. Еден правец 80 еур.
(2) За деца: Повратен билет 100 еур. Еден правец 60 еур.
Задолжително патничко осигурување за секој патник.

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Кушадаси – Турција