Мени

Вила Olga – СКАЛА ПОТАМИА

Вила Олга се наоѓа на 900м од плажа, во околина на 500м е првата продавница и пекара, располага со простран двор, со играчки за деца. Идеална за оние кој сакаат одмор настрана од градската гужва. 

Студиото Олга е сместување со добро уреден и ограден двор каде децата можат безбедно да си играат. Приватен паркинг е достапен пред имотот и има скара што можете да ја користите. 
Сместувачките единици имаат гардеробер, клима и ТВ, пристап до интернет и балкон. Кујната е комплетно опремена (електричен чајник, прибор за јадење и чинии, чаши), а гостите имаат на располагање фен и пегла, кои се достапни на барање. Исто така, сопствениците можат да обезбедат бебешко креветче, кое е достапно на барање.
Дворот е делумно поплочен, а дел со трева, и играчки за деца.
Има сопствен паркинг каде можете да го паркирате вашиот автомобил. Бидејќи сместувањето се наоѓа на автопат, понекогаш може да биде бучно.Чистење, крпи и постелнина се менуваат на секои 3-4 дена.
Доколку сакате сместување со убаво уреден двор и добро одржување, веднаш надвор од центарот на градот, Студиото Олга може да биде одличен избор.

Ден 1:

Во цената е вклучено

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
  • Користење на Wi-Fi
  • Собите имаат комплетно опремена кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во Studioto)
  • Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса од 1,5€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место

Напомени

* Бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
* Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
* Резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
* Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
* За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија :
• Скопје 60€• Штип 70€
• Велес 60 €• Радовиш 70€
• Неготино 60€• Струмица 70€
• Граничен премин 60€
Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)
* Задолжителна доплата за траект  20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-11,9 години

 

 

 

 

 

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Olga – СКАЛА ПОТАМИА