Мени

Вила Раниа – Неос Мармарас

Неос Мармарас е најголемото приморско село на полуостровот  Халкидики, на вториот крак Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

 Вила Раниа се наоѓа на 150м од плажа (3мин пешки) и на 300м од центарот на градот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Располагаме со 3 четворокреветни апартмани со две посебни соби, 2 трокреветни апартмани  и 1 петокреветен апартман. Сите апартмани располагаат со комплетно опремена кујна, купатило, тераса, дел од нив се со поглед на море, дел со поглед на планина.

http://raniahouse.gr/



Ден 1:

Во цената е вклучено

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  • Wi fi интернет
  • Вклучена клима

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса 0,5 еур. на ден (се плаќа во агенција)
  • Здравствено и патничко осигурување

НАПОМЕНА

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • За роденденските попусти потребна е од мин. 50% уплата а остатокот најдоцна до 31.05. Резервациите се ограничени
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават
  • апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување  на ТА Соколов Травел

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Вила Раниа – Неос Мармарас