Мени

Куќа “Alexandra” – Калитеа

1 Ден

Лето 2025

Куќа “Alexandra” – Калитеа

22 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики.
Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува
илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи,
безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови
кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред
Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и
крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и
кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска
линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот
чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со
ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање.

Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа
која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и
едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и
располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени
реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената.
Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.
Студио бр. 1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало
решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк,

клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 2 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало
решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк,

клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр. 3 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало
решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади

во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.

Студио бр.4 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало
решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк,

клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо,
комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк,

клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр.7 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо,
комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во
дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

Куќа “Alexandra” – Калитеа