Куќа “Makis”
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уред и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
2.Сезонски цени
3.Вонсезонски цени