Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата
Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме
слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета
на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото
Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте
погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го
испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините
на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна
убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од
хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња,
таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат
местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи
најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за
капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска
кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една
плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф,
Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата
точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе
ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен
остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат
прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два
други јонски острови.