Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков.
Цена на аранжманот: 209евра / 12.958мкд по лице
Промотивна цена на аранжманот за резервации до 10.11.2024: 179 евра/ 11.098мкд по лице
Инфо на 071/37 65 65 или 071/37 66 56
Програма
Состанок на групата на пред хотел Русија. Тргнување за Краков во претпладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем озогласен нацистички концентрационен логор на нацистичка Германија кој е претворен во спомен-музеј под заштита на UNESCO. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата и разгледот трае околу 90 минути низ ходниците. Заминување за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во претпладневните часови на 10.12.2024 (вторник)
Во цената е вклучено
- Автобуски превоз на наведената релација според програмата.
- 2 ноќевања со појадок во 3* хотел.
- Организиран разглед на Краков.
- Организација и придружник на патувањето.
- Разглед на Краков со водич.
Во цената не е вклучено
- Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau - 40 евра.
- Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka - 45 евра.
- Задолжителна туристичка такса 2 € по лице по ноќевање.
- Патничко осигурување(200мкд)
- Индивидуални трошоци
ПОПУСТИ, ДОПЛАТИ И НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А СТАФ