За патувањето
Луковска Бања е млада бањска населба, здравствено одморалиште и туристички центар во југоисточниот дел на Копаоник, северозападно од општина Куршумлија. Познат е по најголемиот број извори (37) и огромно количество од над 100 l/s топла (до 65°C) минерална вода. Таа е највисоката бања во Србија, чиј центар е 681 метар надморска височина, што ја прави во исто време и воздушна бања. Луковска Бања е на 36 километри од Куршумлија.
Хотел „Бела Јела“ 4* е отворен за првите гости во октомври 2021-ва година. Сите соби се модерно опремени во согласност со најновите стандарди. Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера, и “a la carte” ресторан за ручек.
Велнес центарот на хотелот располага со отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.
Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање.
Исто така имаат можност да ги користат теретаната и салата за забава и рекреација. За најмладите гости е достапна модерна игротека.
Медицинскиот блок е модерно опремен и може да се користи електротерапија, хидротерапија, терапија со кал и рачни масажи. Терапиите се одвиваат секојдневно, за време на викендите и празниците, а лекарите се достапни 24 часа за прегледи и консултации.
Цена на аранжман: 169 евра / 10.478 мкд по лице
Промо цена за резервации до 10.11.2024: 149 eвра / 9.238 мкд по лице