Мени

НОВА ГОДИНА 2025 ТЕМИШВАР И СИБИУ

1 Ден

Нова Година во Темишвар и Сибиу – Кога доаѓа време за патување, сигурно сме дека поголем дел од вас имаат посетено доста градови на Балканот, Европа па и Светот и секогаш кога доаѓа време за патување или продолжен викенд, прашањето е каде патуваме сега?
Веќе 10 години сме организатори на аранжмани во Романија (Букурешт, Синаја, Пелеш Брашов итн..) НО за оваа Нова Година ви подготвивме нова програма со посета на градови што се најатрактивни за време на Christmas Market (божиќен пазар) во Романија.
Дали може да претпоставите за кои градови во Романија станува збор?
Едниот град е трет по големина град во Романија, кој во 2023-та година е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
Bториот град е градот каде е одржан првиот Christmas Market во 2007-та година во Романија и воедно е најдобриот Christmas Makret во оваа земја, инспириран од божиќните пазари во Виена. Во овој град ќе бидете за време на Новата Година каде целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. За време на ова тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад ||| познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија. Екскурзијата ја завршуваме со посета на Белград и слободно време за шопинг или прошетка низ Кнез Михаилова или Калемегдан.


Цена на аранжманот:
 169 евра / 10.478мкд  по лице

BLACK FRIDAY ЦЕНА 125 ЕВРА /7.750 МКД

(ограничени резервации)

Можете да го испратите вашето барање преку формуларот подолу.

НОВА ГОДИНА 2025 ТЕМИШВАР И СИБИУ