Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната.
Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница.
Цена на аранжманот 175 евра / 10.850мкд
Промо цена 155 евра/ 9.610мкд за резервации до 10.11.2024
Програма
Состанок на групата во 05.30час. на паркингот, пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне.
Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, заминуваме на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата.
Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел.
Вечера. Ноќевање.
Појадок. Во 10.00час организирана пешачка прошетак до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија.
Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* https://prolombanja.com/
- Две ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)
- Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
- Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
- Организирана прошетка до црквата Лазарица
- Организација, реализација и придружник на патувањето
- Туристичка такса
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување-150мкд
- Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Факултативата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
- Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
- Патничко осигурување
Напомена
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
- Дете до 6.99- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
- Дете 6-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 80€/4.960ден
- Трет возрасен на дополнително кревет плаќа полна сума (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден за две ноќевања
- Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.